Мапа на страницата >

English >

Грижа за корисници
БЕСПЛАТНИ СОВЕТИ
Varumin@t-home.mk
+389 2 3215800

Повеќе информации за производителот:


Интер-еврогенекс

Фармацевтска индустрија
Македонија



Правна напомена

Интер-Еврогенекс дооел (ИЕГ) ги објавува информациите и документите или другите писмени материјали на својата веб-страница само за информативни цели.

Во оваа прилика, ИЕГ ве информира дека пребарувањето на веб-страниците на ИЕГ истовремено значи прифаќање на следните услови:
Веб-страниците на ИЕГ, содржината или било кој дел од истите се заштитени со авторски права. Само Интер-Еврогенекс има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите.
Содржината на веб-страниците на ИЕГ треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи веб-страниците да се променат независно од волјата или надвор од контрола на ИЕГ и заради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, ИЕГ не превзема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на веб-страниците кои Ви се ставени на располагање, во врска со информациите, документацијата или другите писмени материјали кои можат да се најдат на веб-страницата.
Логото на ИЕГ, називите и пораките на производите на ИЕГ и другите називи на брендови се предмет на заштита на правото на трговски знак. Сите активности кои се предмет на правото на трговски знак и сите права (вклучувајќи ги тука и етичките права) поврзани со овој вид на активности се задржани.
Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на веб-страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од ИЕГ. Сепак, како начин на слободно користење, ИЕГ Ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие веб-страници или да ги печатите од вашиот компјутер, за ваша лична употреба.
ИЕГ го задржува правото да ги менува или трансформира своите веб-страници во било кое време. Исто така, ИЕГ може да го ограничи или да го прекине пристапот до веб-страниците. ИЕГ не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до веб-страниците. ИЕГ изричито отфрла било какви штети и/или загуби кои произлегуваат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, документацијата или другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на веб-страницата за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.
Забрането е да се постави било каков линк со веб-страницата без претходно писмено одобрение од ИЕГ. Дури и да се добие такво одобрение за поставување на линк, забрането е вградување на било какви елементи од содржината на веб-страницата во друга веб-страница (во форма на рамка или вграден линк). Исто така, со горенаведеното одобрение може да се воспостави линк само со почетната страница на www.varumin.com.mk .
ИЕГ не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни со коишто е поставен линк или кои се однесуваат на веб-страниците на ИЕГ.
Доставувањето на писмен материјал од ваша страна (во e-mail порака испратена до било кој наш сервер или преку нашите веб страници) значи прифаќање дека материјалот може да се објавува, а со доставувањето на материјалот до нас прифаќате дека ИЕГ може да го објавува – без никаква одговорност – и да ги користи неговите содржини (делумно или целосно) со објавување на вашето авторство. Со доставување на таков материјал до нас, се согласувате дека материјалот или неговата содржина не ја прекршуваат личната интелектуална сопственост или други права на било која трета страна, и дека третите страни нема да покренат било какви судски процеси против ИЕГ во врска со таквите права, нема да поднесат било какви барања или тужби, и на крајот, доколку било која трета страна поднесе тужба против ИЕГ, Вие целосно ќе ги надоместите трошоците на ИЕГ.
Некои страници на ИЕГ можат да содржат и други одредби, во согласност со правилата на важечкиот закон и заради тоа, познавањето и прифаќањето на тековните правила и применувањето на условите е предуслов за употреба и користење на индивидуалните услуги.

 
 
     
     

Насловна страница | За канцерот | Третман со Varumin® | Дополнителна терапија | Клинички испитувања | Искуства со Varumin® | Идентификација на производот |
Информации за набавка | Често поставувани прашања | Корисни документи и врски | Мапа на страницата | English

© 2008 Интер-еврогенекс. Ве молиме погледајте ја нашата правна напомена