Мапа на страницата >

English >

Грижа за корисници
БЕСПЛАТНИ СОВЕТИ
Varumin@t-home.mk
+389 2 3215800

Повеќе информации за производителот:


Интер-еврогенекс

Фармацевтска индустрија
Македонија



Varumin®

Канцерот може да настане кај лица на секоја возраст, дури и фетуси, но познато е дека ризикот вообичаено се зголемува со староста. Канцерот е причина за смртност во околу 13% од смртните случаи. Според American Cancer Society, во текот на 2007 околу 7.6 милиони луѓе починале од рак.

Varumin® е хербален антиканцер производ наменет за перорална апликација, кој се состои од две формулации: Varumin® 1 и Varumin® 2, кои се користат во комбинација.

Varumin® е создаден во 1985, а прв пат за употреба е одобрен во 2001. Varumin® денес е на пазарот во повеќе од 10 земји. Varumin® е индициран за самостојна употреба или во комбинација со други антиканцер лекови, во зависност од случајот, за третман на сите типови канцер во рана (адјувантна терапија) и во метастатска фаза.

Заради неговиот хербален состав, механизмот според кој Varumin® врши антитуморна активност не е потполно дефиниран. Сепак, се смета дека Varumin® има повеќе различни механизми на дејство, што резултира со синергистичка модулација на имуниот одговор, антипролиферативно дејство против туморните клетки и неколку други ефекти. Varumin® има значителна ефикасност, во спој со одличниот безбедносен профил.

Во Македонија се спроведува голема клиничка студија, во соработка со Клиничкиот центар во Скопје и голема група на соработници работи на откривање на користа од употребата на Varumin® во третманот на цервикален рак, предизвикан од HPV (хуман папилома вирусот), како и други типови канцер.

Заклучокот од сите досега направени испитувања е дека Varumin® го подобрува прифаќањето на стандардната терапија на малигните болести и има самостојно дејство против канцер клетките. Varumin® ја зголемува отпорноста на организмот и го контролира имуниот одговор. Со користење на Varumin®, се очекува забрзана регенерација на оштетените ткива и комплетно излекување на пациентот.

Дејство: Екстрактите од растителните дроги кои се содржани во Varumin® имаат широк спектар на фармакодинамска активност. Овие состојки се користат во традиционалната, хомеопатската како и во научната медицина. Позначителни фармакодинамски дејства се: цитотоксично, имуностимулативно, детоксификациско, антиинфламаторно, антимикробно, диуретично, антидепресивно и лаксативно. Заради тоа, Varumin® може да се користи како дополнение на стандардната терапија на различни болести, кои се карактеризираат со намален имунитет и лоша општа состојба.
Не постојат податоци за несакани ефекти кои се последица на употребата на Varumin®.

Индикации: Varumin® је подобрува општата состојба кога организмот е исцрпен, за подобрување на отпорноста на организмот, како дополнение на стандардната терапија на некои акутни и хронични болести, малигни болести, анемиа и други состојби кои се карактеризираат со слаб имунитет и лоша општа состојба. Varumin® исто така може да се користи и превентивно за спомнатите болести.

Дозирање: Varumin® е наменет за перорална употреба според следната шема:
Почеток на третманот - Терапијата започнува со Varumin® 1: целата содржина од Varumin®1 (50 ml) се пие 1 час пред јадење.
Продолжување на третманот - 6 часа после земањето на Varumin® 1, се започнува со земање на Varumin® 2. Varumin® 2 вообичаено треба да се зема 4 пати дневно, по една супена лажица, 1 час пред јадење.

Предупредување и мерки на претпазливост: Varumin® не би требало да го користат: лица кои се преосетливи на некоја од компонентите на препаратот; лица со интестинална опструкција; лица со постојна инфламаторна интестинална болест (Кронова болест, улцеративен колитис); лица со воспаление на слепото црево (appendicitis); лица со хипертироидизам; при бременост и лактација. Деца помлади од 10 години препаратот може да го земаат според посебно упатство, со намалени дози. Во овие случаи Varumin® може да се зема само по консултација со лекар или фармацевт.

Несакани ефекти: При подолготрајна употреба на Varumin®, во многу ретки случаи, може да дојде до дијареа.
До сега не е пријавен ниту еден несакан ефект од употребата на Varumin®.

Интеракции: Постојат неколку потенцијални ефекти кои се должат на присуството на алое, но во долгогодишната употреба на Varumin® не е забележана никаква интеракција. Viscum album може да го зголеми ефектот на кардијалните гликозиди, хипотензивните и хипертензивните лекови, антидепресивите и антикоагулантите.

Чување: Треба да се чува на температура од 25 ° C, заштитен од светлина.
Да се чува вон дофат на деца.

Рок на траење: 36 месеци од датумот на производство. Не треба да се користи после истекот на рокот означен на пакувањето.

Легален статус: Зависи од државата.

Пакување:
Varumin® 1 стаклено шишенце од 50 ml, раствор за перорална употреба.
Varumin® 2 стаклено шишенце од 200 ml, раствор за перорална употреба.

 

Напомена:

Интернет претставува глобално општество. Фармацевтската индустрија, сепак, е предмет на специфична регулатива, која влијае врз информациите кои може да ги прикажеме за нашите производи. Во прилог на тоа, регистрацискиот статус може да не биде ист во различни региони во светот и одобрените ознаки на продуктот може исто така да се разликуваат според специфичните барања на државата.

Затоа молиме да ги проверите деталите од регистрацијата на овој производ локално, со цел да добиете актуелна информација.

Следи: Varumin® - дали пречи во паралелната терапија со хемотерапевтски средства, радијација, оперативни зафати?

 
 
     
     

Насловна страница | За канцерот | Третман со Varumin® | Дополнителна терапија | Клинички испитувања | Искуства со Varumin® | Идентификација на производот |
Информации за набавка | Често поставувани прашања | Корисни документи и врски | Мапа на страницата | English

© 2008 Интер-еврогенекс. Ве молиме погледајте ја нашата правна напомена